[wpdreams_ajaxsearchlite]
[wpdreams_ajaxsearchlite]
Должината на прегледот зависи од возраста на пациентот и од потребата за понатамошни испитувања. Користиме четири методологии за воспоставување на правилна и прецизна дијагноза, самостојно или комбинирано:
PSI VECTOR DIACOR е комплексна медицинска апаратура без јонизирачки зрачења.
Сите наши дијагностички постапки се безболни.
Терапиите се неинвазивини и безболни.
Целосното упатство за подготовка за преглед можете да го прочитате тука.
Сите тераписки пристапи можат да траат од 10 до 30 минути по сеанса, во наши простории. Но, терапии што се дадени на носачи до 72 дена.
Од едноставна системска контрола и постапки за лесно подигање на Вашата здравствена состојба до специфична диференцијална дијагностика на сите органи и системи, откривање на етиологија и патогенеза на повеке од 40.000 заболувања забележени во системот на СЗО.
Користиме повеќе методи:
Да, овој облик на медицина може да се применува од најрана детска возраст.
Да, со можност за подигање на имунитетот на отпорноста кон повеќе бактерии и вируси со индивидуално подготвување на соодветни рецепти од органопрепарати и инфективни нозоди.
Со соодветни терапии можеме да ја подобриме состојбата на репродуктивниот систем.
Користиме ефективни постапки во зависност од индивидуалната подготвеност и барање на пациентот.
Користење на информотерапија може да доведе до подобрување на здравствената состојба на детето и нормализирање на психофизичкиот развој.
Информотерапијата е медицинска гранка која го проучува дејствувањето на информацијата врз физиолошките, биохемиските, биофизичките и патолошките процеси во организмот на луѓето и животните. Се занимава со начините на стекнување, кодирање и употреба на ваквите информации и разработува методи за превенција, дијагностика и лечење со помош на информации. Прочитајте повеќе за информотерапијата на нашиот блог.
Имаме позитивни искуствa со оваа терапија. Доаѓа до попуштање на контрактурите и подобрување на функциите на централниот нервен систем.
Онколошките заболувања (тумори, миоми, карциноми, неоплазми, меланоми) бараат мултидисциплинарен пристап со постојано следење на пациентот. Взаемна соработка може да го подобри исходот и квалитетот на животот.
Квантна медицина и сродни интегративни методи се применуваат во лекување на ваквите заболувања со различен успех. Неопходна е соработка со пациентот и неговите блиски во однос на исхрана и примена на терапии. Во многу случаи сме имале добар успех во спречување на напредокот на болеста или полесно поднесување и помалку нуспојави од хемо и зрачната терапија, но кај одреден број на пациенти бевме принудени, во интерес на пациентот, да препорачаме третмани во болнички услови.
Да, но поради широк спектар на различна етиологија неопходен е детален преглед од два до три часа.
Да, имаме успех во 80% од случаевите, со корекција на исхраната и начинот на живеење, како и вклучување на системски терапевтски методи меѓу кои и акупунктура.
После проценета итност од адекватен оперативен третман, овозможуваме брзо заздравување и рехабилитација.
Тоа е биоматеријал структуриран со специфична информација којшто дејствува со вградување под кожа.
Микрогенератор содржи генерирани податоци на правилна хумана хомеостаза за секој орган и ткиво посебно. Прочитајте повеќе за микрогенераторот и неговата употреба на нашиот блог.
Апаратура со висок фреквентен опсег и можност за дигитална обработка на сигналот во реално време со способност на складирање на прифатени податоци, анализа и подготовка за терапевтска намена преку умножување, конверзија и компресија на информации.
Електроакупунктурата се изведува преку вметнување на модулирани микроструи на акупунктурни точки со или без пробивање на кожа.
Во изборот на спектралниот анализатор постојат повеќе специфични терапевтски модели за работа со невротрансмитери и невромодулатори.
Да, со позната акупунктурна метода.
Да, но цироза е комплексно заболување кое бара специфичен долготраен третман.
Да, постои можност за соработка со подготовка на рецепти кои се даваат како терапија преку храна и вода, но немаме услови за ветеринарни услуги.
Користиме неколку различни тераписки методи кои се покажаа како успешни во контрола на имуниот систем.
Алергиски ринитис е едно од потешките хронични заболувања каде имаме постигнато добри ремисии.
Да, нападите ќе станат сѐ поретки и интензитетот на болката значително ќе се намали.
Да, нудиме позитивна и практична примена на воспоставување на правилна хомеостаза. Нашите корисници на кратки сензибилизирани хармонизирачки терапии се задоволни.
Др. Скрипњук во своите широки излагања во детали ја објасни функцијата на микрогенераторот. Воспоставувањето на оптимална рамнотежа во функционирањето на телото и духот значително влијае на процесите во метаболизмот. Најдобар пример за влијанието врз физичкиот изглед и духовната состојба се нашите повозрасни пациенти кои подолг период ги користат нашите услуги.
Да, поседуваме мобилна апаратура.
Микрочип е носач, преносник на сублимирани информации на соодветни индивидуални рецепти преку кристали. Се поставува на одредени акупунктурни точки со фиксирање на кожа со фластер или чичак трака. Не смее да дојде во контакт со вода или други течности. Се отстранува при туширање, а потоа се враќа на терапевтската позиција. Постојат микрочипови со два и четири кристала. Вградени се и во специјални столни ламби и сијалици така да може да се користат и во амбулантски и во домашни услови.
По вградување на соодветни индивидуални рецепти кристалите ги пренесуваат коригираните фреквенции во надворешната и внатрешната структура на телото и ја лекуваат.
Да, мошне успешно.
Да, на повеќе начини.
Да, доколку е исклучена потреба од хируршка интервенција.
Досегашните искуства докажаа дека успешно го регулираме овој проблем. Терминална анурија како резултат на хронична ренална инсуфициенција е заболување кое бара дијализа за одржување во живот или трансплантација на бубрег. Индукција за создавање на ново бубрежно ткиво сѐ уште се предизвик, но можно е подобрување на микроциркулацијата и на гломеруларната филтрација и стагнирање на патолошкиот процес во поран стадиум.
И кај акутните и кај хроничните случаеви имавме добри резултати. Во случаеви на потешки инфекции користиме комбинирана терапија со соодветни фармаколошки препарати.
Во меѓусебна соработка со специјалисти во оваа област резултатите се позитивни.
Станува збор за сложена композиција на два организми – мајка и плод. Може да се постигнат одредени резултати, но потребен е мултидисциплинарен пристап.
Кај бремени жени тогаш зонското снимање е изоставено. Користиме метода со активна сонда и таков облик на испитување не влијае негативно на плодот.
Не, смисолот на нашата работа е да ја одбегнеме употребата на антибиотиците. Има случаеви кога актуелната состојба на пациентот неминовно води кон препорака за употреба на антибиотик. Такви случаеви има поради наметнати услови на работно место или животни услови.
Интолеранција на лактоза може да доведе до реакции. Има случаеви кога фластерот со кој е прилепен микрочипот или друг носач на кожата предизвикува реакција во блага форма.
Секако, терапиите се предвидени така да не пречат во нормалниот живот на луѓето.
Голем број на пациенти доаѓаат со ваков проблем. Користиме неколку методи како што е акупунктура, електроакупунктура, микрогенератори и додатни медицински и алтернативни помагала.
Детална дијагностика ќе не одведе до вистинските причини за настанувањето на болеста. Потоа ги користиме ресурсите од селекторот на спектралниот анализатор со чија примена настанува видно подобрување.
Ваква комплексна дијагноза бара специфичен третман со употреба на специјални ламби во кои се вградени микрочипови. Терапиите се изведуваат во нашите простории со континуирано следење на имунолошкиот одговор.
Пред воспоставување на терапевтски модели неопходна е детална анамнеза и длабоко согледување на претходниот здравствен статус на пациентот. Задолжителни се лабораториски испитувања по што се одредува терапевтскиот пакет.
Да, класичен пристап со акупунктура е најдобриот и најефикасен метод.
Во нашето поднебје и опкружување постојат уверувања дека некој или нешто натприродно без наша волја дејствува врз телото и духот. Така, црната магија се поврзува со смртни последици а белата со вљубување и одљубување, прељуба и несакани разводи на бракови. Спектрална резонанца со сигурност може да потврди присаство на наметнати невообичаени енергетски модели или влијанија врз етерично, каузално, етичко и друго тело.
Да, проблемот може да се реши со неколку различни терапевтски пристапи.
Кон овој проблем пристапуваме од неколку аспекти. Во повеќето случаи микрочип и акупунктура се успешна терапија.
Спектрална анализа може да даде соодветен одговор на ова прашање. Наша препорака е да се направи комплетен преглед со вклучена диференцијална дијагностика.
Комплексен проблем. Во нашиот Кабинет за истражување и унапредување на здравјето направивме детални испитувања и уште сме активни во пронаоѓање на најефикасни решенија за проблемот со фригидноста. Нашата цел е да постигнеме максимална доверба и реални прикази од животот на пациентот за да можеме да одбереме најдобра терапевтска метода за решавање на овој сериозен проблем.
Со добра лабораториска слика и наша длабинска зонска снимка имаме можност да пристапиме кон избор на терапија што ќе доведе до оздравување.
Да, на специфичен начин кој значително се разликува од класичниот пристап во најсовремените лаборатории. Тоа го правиме со активна сонда без земање крв или урина. Резултатите се очитуваат во миливолти.
Во зависност од развојниот стадиум и итноста на патологијата која може да бара и агресивен пристап од конвенционалната медицина, нашите терапии можат да доведат до подобрување на клиничката слика и подигање на имунитетот. Поинтересни се можностите за рано откривање на ваквите заболувања, каде успехот е загарантиран.
По успешно завршена обука и положени испити, со соодветна апаратура можете да се приклучите кон нашиот тим. Добредојдени сте.
Воглавно, обуките се базирани врз претходни сознанија и доказ дека обучуваме лица кои студираат или завршиле медицински факултет или фармација. Но, имаме можност и право да обучиме талентирани лица кои по завршената обука работат во тим под лекарски надзор, но не можат да декларираат дијагноза или да предложат терапија.
Постојат неколку објаснувања за овој термин. Приближно на дефиниција е паролата дека ”медицинско лице во својата пракса може да ги користи сите алтернативни методи за да му помогне на пациентот”. Во источниот свет тоа е “народна медицина” каде предноста се дава на акупунктура, лекување со хербални производи, чаеви, акупресура, шиатцу, рефлексотерапија и многу други неакадемски пристапи. Во последниот извештај на СЗО стои дека Швајцарија го прифати и озакони терминот “алтернативна медицина” и постапките ги внесе во својата здравствена програма.
Квантната медицина е потполно нов научен пристап кон човековиот организам и кон сите негови физиолошки и патолошки процеси. Таа е нова медицинска гранка чии методи за дијагностика и лекување се засноваат на познавање на електромагнетното поле на живите организми и нивните сопствени карактеристични фрекфенции. Според квантната медицина постојаноста на фрекфенциите и на електромагнетното поле на организмот е предуслов за добро здравје, а кога тие ќе се променат се појавува болест. Прочитајте повеќе за квантната медицина на нашиот блог.
Сите човекови органи и системи имаат своја соодветна фреквенција изразена во Херци. Наша основна работа е да ги корегираме отстапувањата и да ги доведеме во правилен сооднос.
Да, терапијата е во директна зависност од начинот на живот на пациентот, исхраната, работното место.
Технологијата со којашто работиме и соработка со уролог ехо дијагностичар дава позитивни резултати.
Можно е ублажување на симптомите, болката и воспалението. Исфрлањето на каменот е можно, но бара мултидисциплинарен пристап и соработка со гастроентеролог и хирург за следење и одбирање на адекватна терапија во зависност од состојбата.
Подобрување на состојбата со воспалението е сигурно, но во акутни случаи се користат и фармаколошки препарати во консултација со уролог.
Во зависност од етиологијата, успешноста е и до 80%
Да во 3 фази. Откривање на етиолофија, можен фокус или наследна предиспозиција, негово решавање и трета – подигање на имунитетот.
Сензитивноста на апаратурата ни дава можност за откривање на ендокринолошки дизбаланс во најраните стадиуми и укажува на нивната етиологија, со ран избор на терапевтски модеми брзо се постигнува внатрешната хомеостаза или се упатува на понатамошно лекување. Морфолошки отстапувања може да бараат и инвазивни постапки од конвенционалната медицина.
Плеоморфноста на цистите е голема, некои од нив брзо исчезнуваат, други бараат сериозни третмани.
Холистичкиот пристап и адекватен избор на информотерапевтска рецепта дава добри резултати.