Што треба да знаете за квантната медицина?

Уште на крајот од 19-от и почетокот на 20-от век научниците почнале да ги користат електромагнетните бранови за дијагностика и лекување. Никола Тесла го осмислил и го креирал првиот апарат кој емитувал високофреквентни електромагнетни бранови и тој се користел за терапии во 1989 година. Денес голем број научници (многу од нив и добитници на Нобелова награда), биофизичари, квантни физичари, философи, математичари, инженери, лекари и ИТ експерти се вклучени во развојот на квантната медицина. Многу институти, клиники, ординации, факултети и научно-истражувачки центри низ светот секојдневно применуваат и развиваат нови квантни пристапи кон исцелувањето.
Фреквенцијата како мерна единица во квантната медицина
Секој орган, клетка, емоција и функција во нашиот организам има свој карактеристичен електромагнетен бран со одредена фреквенција, бранова должина и амплитуда. Секое отстапување од таа фреквенција на стабилна состојба или здравје ја нарекуваме болест (или нестабилна состојба).
Брановите се движат по одредени патеки (меѓуклеточен матрикс, акупунктурни канали, биоактивни зони…) создавајќи едно кохерентно енергетско поле околу нашето тело – аура, електромагнетна обвивка, биоенергетско поле… Тоа енергетско поле е информативно складиште кое дава податоци за нашата состојба и функциите на секој дел од нашето тело и нашите емоции, но исто така прима информации од природата. За исправка на отстапувањата од информациите за здравата состојба на организмот постојат повеќе методи.
Системите на биорезонантната медицина ги регистрираат електромагнетните бранови на човечкото тело, ги споредуваат со софтверската база и ги издвојуваат брановите кои отстапуваат од карактеристиките на здравите ткива и функции. Штом ќе ги дефинираат, упатуваат резонантни бранови кои ги поништуваат.
Доколку организмот е здрав, неговата електромагнетна обвивка не е оштетена и тој нема потреба од корективни бранови, затоа и не ги прима. Нашиот организам е единствен високософистициран кибернетски систем и сам ги препознава резонантните бранови од апаратот и ги користи за корекција кога му е потребна.
Секоја индивидуа е единствен, неповторлив квантен систем. Затоа и дијагностиката и терапиите во квантната медицина се индивидуални, што е и една од основните разлики помеѓу неа и западната медицина, која пак ги генерализира пациентите.
Нов научен пристап
Квантната медицина е потполно нов научен пристап кон човековиот организам и кон сите негови физиолошки и патолошки процеси. Таа е нова медицинска гранка чии методи за дијагностика и лекување се засноваат на познавање на електромагнетното поле на живите организми и нивните сопствени карактеристични фреквенции. Според квантната медицина постојаноста на фреквенциите и на електромагнетното поле на организмот е предуслов за добро здравје, а кога тие ќе се променат се појавува болест.
Првото ниво на кое се појавуваат болестите е биофизичко, додека биохемиското е второ ниво. Преку биохемиското ниво не се допира до изворот на болеста, па затоа до скоро постоеја ограничени можности во лечењето на хроничните болести.
Благодарение на развојот на квантната медицина и уредите кои ги следат овие суптилни енергетски нивоа, сега може да се делува на биофизичкото ниво.
За сериозноста на овој пристап, освен резултатите на пациентите, сведочат и бројните Нобелови награди на научниците чии поставки се вткаени во темелите на квантната медицина.
Лекување со помош на квантна медицина
Оваа медицинска гранка се заснова на биолошка резонанца, така што секоја клетка претставува електромагнетна единица која испраќа ЕМ бранови како резултат на биохемиските процеси во неа. Кога нормалното ЕМ поле во клетките ќе се поремети, се менуваат и овие процеси, а тоа води кон заболувања. Ваквите промени се појавуваат најпрвин во меѓуклеточната комуникација, што се нарекува информациона фаза. Таа потоа преминува во енергетска фаза од каде подоцна се појавуваат лабораториски евидентни промени, сè до појава на болести што може да ги дијагностицира ултразвук и други медицински апарати.
Исклучиво суптилните апарати кои се користат во квантната медицина овозможуваат неинванзивна дијагностика и безболна терапија за голем број заболувања. Токму затоа таа е прогласена за перспективна медицина на третиот милениум, во 1989 година во Брисел, на 39-от меѓународен симпозиум на иновации, истражувања и нови технологии.
Квантната медицина ги спојува најсовремените достигнувања на биофизиката и квантната физика со познавања за енергетските полиња во организмот. Лекувањето во квантната медицина се темели на информацијата што ја содржи секоја материја. При појавата на болест, во материјата постои информација за таа болест, но исто така и претходна информација од моментот кога материјата била здрава, па така со корекција на нарушената фреквенција на електромагнетното поле организмот може да се врати во електромагнетна рамнотежа.
Практиките за лекување на квантната медицина се безболни и комфорни за пациентот. Со холистичкиот пристап пациентот се разгледува како целина, односно се лекува човечки организам, а не одредена болка. Потребно е кратко време за да се добијат голем број информации за сите органи и органски системи, т.е. за целосната здравствена состојба на пациентот.
Оваа медицинска гранка се заснова на биолошка резонанца, така што секоја клетка претставува електромагнетна единица којашто испраќа ЕМ бранови како резултат на биохемиските процеси во неа. Кога нормалното ЕМ поле во клетките ќе се поремети, се менуваат и овие процеси, а тоа води кон заболувања. Ваквите промени се појавуваат најпрвин во меѓуклеточната комуникација, што се нарекува информациона фаза. Таа потоа преминува во енергетска фаза од кадешто подоцна се појавуваат лабораториски евидентни промени, сè до појава на болести што може да ги дијагностицира ултразвук и други медицински апарати.