Употребата на микрогенератор во дијагностика и терапии

Во информотерапијата се користи микрогенератор во кој се сместени информации за биолошката фреквенција на здравите клетки. Тој практично ги потсетува клетките како повторно да ја вратат својата нормална функција преку информација на јазик кој нашиот организам го разбира (јазикот на молекулите на ДНК, РНА и сл.). Добиените информации организмот ги трансформира во енергетски информации што ја регулираат работата на клетките.
Микрогенераторот дава можност за насочена корекција на функцијата на одделни органи и ткива, корегирајќи ја специфичната патологија. Овозможува да се изведе диференцијална дијагностика на патологијата сврзана со нарушени функции на тироидната жлезда, јајници, надбубрежна жлезда, хипофиза, вратниот или лумбалниот дел на ‘рбетниот столб, одделни нервни сплетови, артерии, вени и други органи.
За што се користи микрогенератор?
Микрогенератор се користи и за диференцијална дијагноза и за терапии.
Наменет е за корекција на телесните системи коишто се поврзани со размената на информации (нервниот, ендокриниот и имунолошкиот систем) преку генерирање на секвенци од електромагнетните сигнали кои кореспондираат со секвенците на сигналите од клетките што функционираат нормално.
Исто така се користи за диференцијална дијагноза на различни патологии во електропунктурната дијагностика. Специјалната шема овозможува да се потврдат различни здравствени состојби меѓу кои и:
локални акутни и хронични процеси во органите на:
– имуниот систем (алергиски процеси, имунодефициенција)
– нервниот систем (хиперактивност, премор, нарушен баланс)
– ендокриниот систем
нарушена инервација и трофизам на органите
– нарушување на коренот на нервите
– намален доток на крв до органите
влијанието на други органи и системи на центрите на хронични воспаленија
– во назофаринксот (крајници, заби, синуси) – на белите дробови, срцето, бубрезите
– во жолчната кеса – на цревата, срцето
– во бубрезите – на ендокриниот канал, генитоуринарниот систем
– во бешиката или гениталниот тракт – на ендокриниот канал, цревата
Предности на користењето микрогенератор:
- Диференцијалната дијагноза во раните стадиуми заштедува на време и помага во изборот на метода за лекување
- Самата дијагноза може директно да се употреби како терапија
- Терапијата има предности во споредба со другите информациони методи (хомеопатија, акупунктура) заради точноста и едноставноста на шемата за аплицирање и отсуството на потреба од селекција на зони и точки на дејствување заради високата специфичност на влезните сигнали
- Терапијата е компатибилна практично со сите други методи на терапија и го зголемува нивниот ефект
- Не емитува фреквенции коишто го афектираат генетскиот апаратус и нема штетни влијанија
- Употребата на системите за повратна информација овозможува предвидување на ефикасноста на терапиите