Подготовка за преглед

ЦЕНТАР за КАМ КЈУБИТ ПЛУС – Скопје

Барања кои се поставуваат пред пациентот заради давање на точна дијагностичко-терапевтска информација

 

Хардверско-софтверскиот пакет  Intera Vector BIOPSI DiaCor содржи три комплементарни методи:

  1. Општи, преку биолошки активни зони на челото, дланките и стапалата
  2. Детални, преку биолошки активни точки на рацете и нозете
  3. Со комбинирање на акупунктурни игли и активна сонда од апаратот

 

Сите три методи се високо чувствителни и неопходна е соодветна подготовка на пациентот заради добивање на објективни резултати. Конкретно:

  • 24 часа пред прегледот да се прекине со земање на оние фармаколошки лекови или препарати чија примена може да се прекине.
  • Ако е можно, да се избегнат сулфоамиди, антибиотици или кортикостероиди, b–блокери и бензодиапени, бидејќи можат да влијаат на резултатите на подолг период по нивното внесување.
  • Три дена пред дијагностичкиот преглед да се прекине со земање на оние препарати кои влијаат на општата состојба. Во спротивно, ќе дојде до дијагностичка слика многу поповолна од објективната.
  • Препорачливо е пациентот да ги донесе со себе лековите или препаратите кои веќе ги користи, заради тестирање и селектирање, како и заради откривање на евентуални алергени и други несакани дејства.
  • Пациентот не треба да внесува храна и течности 2 часа пред тестирањето.
  • Да не користи алкохол, тутун, кафе, чаеви и чоколадо на денот на тестирањето.
  • Да биде наспан, одморен, без поголеми физички оптоварувања и стресни состојби, доколку е можно.
  • Магнети или магнетен накит да се отстрани најмалку 12 часа пред тестирањето.
  • Заштити, амајлии, накит или украси со метални, кристални или племенити камења и слични детали на облеката  да се отстранат 30 минути пред тестирањето. Истото се однесува на перики, протетски помагала и слично.
  • Без шминки, креми, пудри, дезодоранси, масла и слично.
  • Бојадисување на коса, нокти, маникирање и педикирање, како и депилација на телото и екстремитетите да не се практикува 72 часа пред тестирањето.
  • Да не се коисти ацетон на ноктите пред тестирањето.
  • Да не се носи синтетичка и тесна облека, брусхалтери со метални фишбан уметоци за време на тестирањето.
  • На дамите во циклус или бременост не се прави зонско снимање. Во таков случај тестирањето се врши само со активна сонда или акупунктурна игла.

Мобилните телефони задолжително да бидат исклучени и надвор од просторијата каде се врши тестирањето.

Пациентот треба да пријави постоење на било какви имплатанти или електронски направи вградени во органите, екстремитетите или под кожа.

Оптимално време за веродостоен преглед е помеѓу 09 и 18 часот на собна температура помеѓу 5 и 30 степени целзиусови.

Времетраењето на прегледот зависи од објективниот статус на пациентот.