+389 70 462 955
Qbit plus
×
  • Почетна
  • За нас
  • Терминологија
  • УСЛУГИ
  • Пакет услуги
  • Чести Прашања
  • Блог
  • Контакт

Зошто информотерапијата станува популарна?

Зошто информотерапијата станува популарна?
March 9, 2018Qubit plus AdminЕдукација

Информотерапијата е медицинска гранка која го проучува дејствувањето на информацијата врз физиолошките, биохемиските и патолошките процеси во човечкиот организам. Се занимава со начините на стекнување, кодирање и употреба на ваквите информации и разработува методи за превенција, дијагностика и лечење со помош на информации. Основните поставки на информотерапијата за прв пат ги дефинираше украинскиот научник З. Д. Скрипњук во 1989 година. Тие се засноваат на доказите од неговите истражувања кои покажуваат дека болестите во организмот се појавуваат кога ќе се случи прекин во комуникацијата помеѓу клетките, а таа може повторно да се воспостави со испраќање на соодветни информациски сигнали.

Клетките емитуваат енергетски бранови со одредена фреквенција со што се создава еден цел електромагнетен спектар на фреквенции околу телото кој е одговорен за негово здраво функционирање. Секое ткиво во нашиот организам има своја индивидуална фреквенција која може да биде пореметена од најразлични причинители – токсични материјали, бактерии, вируси, лекарства, па дури и храна која не е во склад со антигенот на крвната група. Ваквото пореметување во здравата фреквенција предизвикува информациско пореметување во комуникацијата помеѓу клетките што резултира со појава на болести. Оттаму, информацијата може да биде важен фактор при лечење на болестите, самостојно или во комбинација со други лековити методи.

Зошто информотерапија?

Информотерапијата се користи со години наназад и константно ја докажува својата ефикасност во сите области на медицинската пракса. Токму затоа активно се воведува во системот на здравствена заштита во многу земји. Во моментов постојат центри за информотерапија во Украина, каде почна да се применува оваа метода, но и во Русија, Германија, САД, Израел, Полска, Белорусија, Србија и Македонија.

Оваа метода има многу предности во споредба со другите методи на лекување:

  • неинванзивна е и безболна
  • може да се применува на која било возраст
  • го скратува времето на лекување
  • нема негативни нуспојави
  • не предизвикува алергии
  • нема негативно влијание на другите органи и ткива
  • не предизвикува зависност
  • го зголемува дејството на повеќето други лековити методи

Информотерапијата ги обновува регулациските системи и го враќа организмот во нормална физиолошка состојба. Станува збор за воспоставување на способност на органите нормално да разменуваат информации на клеточно ниво. Токму затоа таа покажува успешни резултати во лекувањето на многу различни болести:

  • женска и машка неплодност
  • пореметувања на менструалниот циклус
  • еректилни дисфункции
  • главоболки и мигрени
  • алергии
  • кардиоваскуларни заболувања
  • бронхијална астма и хроничен бронхитис
  • хроничен ринитис и синузитис
  • заболувања на дигестивниот систем
  • запаленија на системот за мокрење
  • болести на жолчните патишта
  • хипо и хипертиреоза
  • депресија
  • синдром на хроничен умор
  • егзем, псоријаза и невродермитис

Информодијагностика

Информотерапијата може да се примени по соодветна информодијагностика. Таа се изведува со помош на микропроцесори – извори на информации преку кои се одредува степенот на отстапување од здравата фреквенција и начинот на кој дејствуваат поединечните енергетски канали и точки. Ова ја прави информодијагностиката исклучително прецизна бидејќи клетките даваат сигнал на соседните клетки во нервниот, ендокриниот, имунолошкиот и другите системи дека постои некакво оштетување. Штом ќе се открие ваквата состојба, се дејствува директно на оштетената клетка преку обновување на функцијата на јонските канали и рецептори, регулирање на размената на информации и повторно воспоставување на нормални метаболички процеси во организмот.

Преку информодијагностиката се одредува каков вид на терапија да се примени, односно на кој начин да се испрати информацијата во организмот. Еден од начините кој се покажува како исклучително ефикасен е информотерапија со електроакупунктура. Еден циклус на вакво лечење обично трае 21-24 дена, а кај хронични заболувања се забележува подобрување уште по 14 дена терапија. Во зависност од заболувањето, целосно опоравување настапува по 3 до 4 циклуси информотерапија. Ваквите терапии се безболни и може да ги прими секој, без разлика на возраста.

Add Comment Cancel


Пребарај

Последни постови

  • Подобрете го здравјето оваа есен
  • Прво предавање по квантна и интегративна медицина на Медицински факултет
  • Помогнете му на вашето тело да ја надмине „пролетната треска“
  • Нова биологија – кога ќе се сретнат умот и материјата
  • Qubit plus поддршка на фитнес заедницата во Македонија

Архиви

  • November 2019
  • April 2019
  • February 2019
  • November 2018
  • June 2018
  • March 2018
  • November 2017

Категории

  • Едукација
  • Новости

Работно Време

ПОНЕДЕЛНИК09:00-17:00
ВТОРНИК09:00-17:00
СРЕДА09:00-17:00
ЧЕТВРТОК09:00-17:00
ПЕТОК09:00-17:00
САБОТА/
НЕДЕЛА/

Категории

  • Едукација
  • Новости

Информации

e-mail:info@qubitplus.mk
Tel/Num :+389 70 462 955
Websitehttps://qubitplus.mk
Copyright ©2017-2019all rights reserved
Designed by L1nk Team