+389 70 462 955
Qbit plus
×
  • Почетна
  • За нас
  • Терминологија
  • УСЛУГИ
  • Пакет услуги
  • Чести Прашања
  • Блог
  • Контакт

Помогнете му на вашето тело да ја надмине „пролетната треска“

Помогнете му на вашето тело да ја надмине „пролетната треска“
April 8, 2019Qubit plus AdminЕдукација

По зимските месеци се случуваат многу промени во природата, но и во нашето тело. Времето се подобрува, имаме повеќе сончева светлина и повисоки воздушни температури, но сепак се бориме со променливи нивоа на енергија, промени во расположението, промени во изгледот, замор, ниска концентрација, чувствителност, главоболки, алергиски реакции… Сите овие физички и психолошки симптоми влегуваат во описот на една состојба наречена „пролетна треска“, бидејќи се појавуваат со доаѓањето на пролетта.

Оваа „пролетна треска“ предизвикува хормонални промени кои по малку го збунуваат нашето тело. Во зима, кога денот е пократок, телото лачи повеќе мелатонин – хормон кој е чувствителен на светлина, па тоа ни помага да спиеме подобро. Со доаѓањето на пролетта денот се зголемува, сонцето изгрева сѐ порано, а телото се труди да ги следи овие промени па почнува да лачи помалку мелатонин. Исто така, почнува да лачи повеќе серотонин (хормон на среќа) кој исто така е чувствителен на светлина и има обратен ефект од мелатонинот.

Во првите неколку недели нашето тело се обидува да ги избалансира нивоата на овие два хормони па затоа чувствуваме повеќе психо-физички промени. Иако овие промени не се пријатни и ги нарекуваме „пролетна треска“, не се работи за заболување. Сепак, треба да посветиме внимание на тоа дали му помагаме или одмагаме на телото во справувањето со нив.

Најчести проблеми кои се појавуваат во пролет

Од сите промени кои се појавуваат во пролет, најчести и најнепријатни се:

Алергии

– алергиски ринитис или воспаление на слузницата на носот, чешање на очите, кивавица и болни синуси.

Како можеме ние да ви помогнеме?

Во Qubit plus, со помош на информодијагностичка постапка можеме брзо и прецизно да ги откриеме сите алергени. Безболно, без земање на крв и без инванзивни методи, со една дијагностичка процедура ги откриваме сите причини за појава на алергиски реакции. Штом тие ќе се откријат, со информотераписка постапка ја менуваме причината за проблемот. Со промени во квантното поле вашето тело ќе стане поотпорно на алергените.

Пролетен замор

– чувство на поспаност, замор, чувствителност на временските промени, главоболка, намалена концентрација и енергија.

Како можеме ние да ви помогнеме?

Со информодијагностичка постапка се откриваат конкретните причини за појава на симптомите, хормоналниот статус и состојбата на сите телесни органи и процеси. По утврдената дијагноза, се подготвува индивидуален рецепт кој ќе воспостави хормонален баланс и ќе ја подобри целокупната психофизичка подготвеност на телото.

Промени на кожата

– сува или многу масна кожа, црвенила, алергии…

Како можеме ние да ви помогнеме?

Кожата е директно поврзана со респираторниот и дигестивниот систем, хормоните и штетните навики. Затоа, прво се прави преглед за откривање на причината за промени на кожата. Потоа се пристапува кон информотерапија поддржана од фреквенции пренесени преку микрочипови, преку кои организмот ќе добие информација за правилна хомеостаза и ќе се регулираат нивоата на хормоните кои влијаат на квалитетот на кожата. Исто така се откриваат начините на кои можете трајно да ја подобрите состојбата и да уживате во мека, нежна и затегната кожа.

Проблеми со телесната тежина

– масни наслаги, вишок килограми, непосакувани промени во изгледот.

Како можеме ние да ви помогнеме?

Потребна е основна зонска снимка која ќе даде прецизна слика за хормоналниот статус, начините за постигнување на хормонален баланс, како и нутриционистички упатства за тоа која храна е најсоодветна според состојбата на организмот и крвната група.

Како можете сами да му помогнете на вашето тело?

  • Вклучете повеќе физички активности во денот. Тие ќе ја подобрат циркулацијата и акумулацијата на кислород, ќе ви ги стабилизираат нивоата на енергија, ќе ви помогнат да спиете подобро и да се ослободите од вишокот килограми.
  • Внесувајте повеќе протеини, овошје и зеленчук. Протеините ви даваат енергија, за разлика од јаглехидратите кои прават да се чувствувате уморни и поспани. Овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови ќе му дадат на вашето тело хранливи материи кои му помагаат на имуниот систем да се избори со сите вируси и инфекции кои се појавуваат во овој период од годината.
  • Избегнувајте шеќери. Освен тоа што предизвикуваат зголемување на телесната тежина, шеќерите имаат штетно влијание врз имуниот систем.
  • Пијте многу течности. Водата е клучна за хидрирање на телото и за балансирање на кардиоваскуларниот систем. Дополнително, корисно е да пиете и зелен чај кој е полн со антиоксиданси за да се ослободите од слободните радикали.
  • Обезбедете си квалитетен сон. Ако не му обезбедите на вашето тело доволно квалитетен одмор, нема да бидете во можност да функционирате со полна енергија следниот ден. Исто така, имуниот систем ќе ослабне и ќе бидете поподложни на инфекции.

Add Comment Cancel


Пребарај

Последни постови

  • Подобрете го здравјето оваа есен
  • Прво предавање по квантна и интегративна медицина на Медицински факултет
  • Помогнете му на вашето тело да ја надмине „пролетната треска“
  • Нова биологија – кога ќе се сретнат умот и материјата
  • Qubit plus поддршка на фитнес заедницата во Македонија

Архиви

  • November 2019
  • April 2019
  • February 2019
  • November 2018
  • June 2018
  • March 2018
  • November 2017

Категории

  • Едукација
  • Новости

Работно Време

ПОНЕДЕЛНИК09:00-17:00
ВТОРНИК09:00-17:00
СРЕДА09:00-17:00
ЧЕТВРТОК09:00-17:00
ПЕТОК09:00-17:00
САБОТА/
НЕДЕЛА/

Категории

  • Едукација
  • Новости

Информации

e-mail:info@qubitplus.mk
Tel/Num :+389 70 462 955
Websitehttps://qubitplus.mk
Copyright ©2017-2019all rights reserved
Designed by L1nk Team